По шест години „Металика“ со нов албум и светска турнеја!

by Fokus

Култниот американски хеви метал бенд ,,Металика” го најави својот 12-ти албум, кој ќе се промовира во април наредната година. Како најава за албумот, групата го објави синглот „Лукс Етерна“, кој за еден ден доби десетици илјади коментари и неколку милиони прегледи на музичкиот канал Јутјуб.

Новиот албум на ,,Металика” доаѓа по шест години од последниот „Hardwired… to Self-Destruct“ и ќе биде насловен „72 сизн“. Исто така, од бендот открија дека се подготвуваат за голема светска турнеја. Членовите на бендот се по потекло од Калфорнија, и започнаа со настапи на почетокот на осумдесеттите години.

Нивните албуми се продаваа во милионски примероци во Америка, но и ширум светот, а имаа над 20 светски турнеји. На светската турнеја која траеше од 2008 до 2010 година, ,,Металика” се пофали со заработка од над 200 милиони долари.

Поврзани новости