Кавадарци доби современ градски пазар на три нивоа, со товарен лифт, патнички лифт, 140 паркинг места, 170 тезги, 18 места со разладни витрини, магацински простор, санитарни јасли, кој се простира на 2.100 метри квадратни.
Денес пазарот беше свечено отворен, по десет месеци изградба, а на отворањето, покрај градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот Стојанчо Рамов, вработени во ЛС, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски. По речиси шест децении кавадарчани добија современ Градски пазар, чија изградба изнесува околу 105 милиони денари, кои општината ги обезбедила преку заем од домашна банка.
Кавадарчани го поздравија овој проект кој им овозможува современи услови за работа на пазарџиите, но и на купувачите кои ќе можат да пазарат во пристојни услови во покриениот и уреден по највисоки стандарди пазар.
Вики Клинчарова