Германскиот канцелар Олаф Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина, односно казнената тарифа за електричните возила од таа земја.
Претходно американскиот претседател Џо Бајден ја зголеми стапката на специјални царински санкции за тие возила на 100 проценти.
Шолц при посетата на Стокхолм оцени дека Европската унија и Кина треба да „разменуваат мислења“.
„Европските производители се успешни на кинескиот пазар и таму извезуваат многу возила“, рече тој по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Дополнително, половина од електричните возила што Европа ги увезува од Кина, таму ги склопуваат европските производители, додаде канцеларoт.
САД ја обвинуваат Кина за задушување на конкуренцијата на пазарот со државни субвенции. Минатата година во истата прилика ЕУ најави дека ќе размисли за казнена тарифа.
Шолц сега рече дека сè уште нема резултати од тоа размислување.