461
Специјалните полициски сили дури во 21.45 часот влегуваат во прес салата, по насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Дополнителното засилување стигнува во 21.52 часот, кога полицајци влегуваат со панцири и шлемови.
Ова можеше денеска да се види во Кривичниот суд каде што се емитува снимка од безбедносната камера во парламентот. Според оваа снимка реакцијата на полицијата во прес салата се случува по речиси три часа од влезот на насилната толпа во законодавниот дом, бидејќи нивниот упад е во 18.45 часот.
Околу 21.20 часот на снимката се виде реакција на полицијата но во ходникот кон кабинетот на Трајко Вељаноски.