Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград.
Во полицијата во Пирот, „Блиц“ потврди дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметката кај автопатот кај Димитровград и дека со повреди бил примен во Пиротската болница, но дека се уште официјално не можат да соопштат до каде неговите повреди и другите околности на случајот.
-Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Не се знае ни која била причината за тепачката во која бил повреден се уште не се знае, пишува Блиц.
Како што пишуваат пиротските медиуми, во тепачката мигрантот се здобил со 20 убодни рани, од кои три потешки.
Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа на интензивна нега на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на Брза помош од Димитровград. .