-Експертскиот тим делегиран од Европската комисија му доставила конкретни предлози преку кои може да се надминат слабостите во Судскиот Совет, а кои се однесуваат на унапредување на мерит системот и на критериумите за избор на судии, унапредување на транспарентноста при изборот, како и низа други решенија во насока на зајакнување на професионалноста, независноста и ефикасноста на оваа институција, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешната средба со потпретседателката на словенечкиот Судски Совет, Уршка Кежмах.
Грковска и Кежмах се согласија дека судиите мора да ја чуваат својата независност и во таа насока не смее да има солидарност за оние кои што го рушат угледот на професијата или се корумпирани.
Од владината прес служба соопштија дека Грковска ја информирала Кежмах дека минатата недела во Северна Македонија заврши оценската мисија од Европската комисија и дека се очекува во наредниот период да пристигне Извештајот по што нашата држава ќе мора да пристапи кон сериозни реформи.
-За нас ќе биде многу важно искуството на земјите членки на Европската Унија во примената на европската регулатива, особено во правосудниот систем и унапредувањето на независноста и јакнењето на интегритетот, изјави Грковска.
Таа рече дека на експертскиот тим делегиран од Европската комисија му доставила конкретни предлози преку кои може да се надминат слабостите во Судскиот Совет, а кои се однесуваат на унапредување на мерит системот и на критериумите за избор на судии, унапредување на транспарентноста при изборот, како и низа други решенија за зајакнување на професионалноста, независноста и ефикасноста на оваа институција.
Кежмах истакна дека Судскиот совет на Словенија силно се бори да ја зачува независноста, но и кредибилитетот на институцијата и професијата и дека во советот имаат Дисциплински суд, кој е независен и во кој членуваат судии со висок интегритет и големо искуство.