598
По завршување на ракометниот натпревар меѓу РК Бисинов Вардар и РК Велес 2009 од Велес во спортската сака во велешкото основно училиште Блаже Конески се случиле два инциденти.
Како што соопшти полицијата, по завршувањето на натпреварот тренерот на РК Велес 2009 В.Г. физички го нападнал главниот судија Ж.М.(20) од Велес.
Истиот ден во 14.45 часот, пак, Љ.М.(42) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во дворот на основното училиште по завршување на ракометниот натпревар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од две малолетни лица од Велес.