И Османи исклучува владина реконструкција: Сите сме посветени на процесот во собрание

by Фокус

По премиерот Зоран Заев, и вицепремиерот Бујар Османи ги отфрли пишувањата дека ќе бидат реконструирани вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крешник Бектеши. Османи вели дека нема иницијатива за кадровски смени, бидејќи во моментов сите се сконцентрирани на процесот во собрание за уставни измени.

-Тоа што треба да се случи сега е завршување на извештајот за годишниот биланс, негово предавање до претседателот на партијата, а потоа тој да оцени кој од нас дал придонес во рамки на партиската програма, во програмата на Владата и изборните ветувања кои ги имаме како обврска пред граѓаните – рече Османи.

Поврзани новости