По протестот, ФЗОМ и закажа преглед на малата Ханета

by Фокус

Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите на Х.С., при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника, нема поднесено барање за лекување во странство и поради тоа закажа преглед на Универзитетската клиника за ортопедија во петок, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување за случајот со единаесетгодишната Ханета која има сколиоза и е во слична ситуација со малата Тамара на која Фондот не и овозможи да се лекува во странство.

Од Фондот велат дека доколку  биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука. Таткото на Ханета пак, денеска рече дека во два наврати Фондот одбил да даде 20 илјади евра за операција во Турција.

Тој и единаесетгодишната Ханета денеска присуствуваа на протестот за Тамара Димовска на кој присутните бараа одговорност за овој случај. Изразувајќи и сочувство на мајката на Тамара се пожали дека институциите кон неговото девојче се однесуваат исто.

 

Поврзани новости