448
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по претрес во дом на едно лице во село Долно Количани најдено е оружје.
-Денеска во с.Долно Количани, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.