По пресудата за Груевски, пратениците на ВМРО ја напуштија собраниската седница

by Фокус

Откако поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски првостепено беше осуден на две години затвор со судскиот процес „Тенк“ за набавка на мерцедесот, пратениците на ДПМНЕ ја напуштија денешната парламентарна седница, без притоа да дадат образложение за ваквиот потег.

Претходно, Собранието не ги изгласа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници, кои предлагаа намалување на акцизата на дизел горивото за три денара по литар од 15,121 денари на 12,121 денари.

Пратениците од владејачкото мнозинство на СДСМ, ДУИ и другите партии, кои останаа во салата, го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети додека тој го презентираше Годишниот извештај за неговата работа.

Поврзани новости