По потерница за убиство од пред 8 години уапсен познат скопски лик

by Fokus

Ноќеска полицијата го упаси 39-годишниот К.Д. баран со потерница. Бегалецот бил уапсен во кафеана, а како што дознава „Фокус“ од свои извор, со себе имал поголема сума на пари, одноно неколку илјади евра.

-Лицето К.Д. било барано по четири централни потерници, по издадени наредби на Основен суд Скопје 1, поради сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик од 2014 година, „тешка телесна повреда“ по член 131 и две кривични дела „учество во тепачка“ по член 132 од Кривичниот законик.

На него му била одредена и мерка притвор по сите четири наредби и ќе биде предадено на казнено поправна установа, информираат од МВР.

Извори на „Фокус“ неофицијално информираат дека станува збор за познат скопски лик, кој наводно има дискотека во главниот град.

Поврзани новости