407
Откако во текот на денот еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, оствари поеднинечни средби со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, вечерва ќе се одржи и лидерска средба со сите четворица партиски лидери.
На оваа средба ќе се инсистира да се дојде со конечен договор за предвремените избори , па се очекува таа да трае до доцна вечерва. Претходно на заедничката средба со партиските лидери присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли. Пред средбите, Хан рече дека очекува денеска да има добар ден.