Ванчо Митев (31) од Старо Владевци, Општина Струмица, доцна синоќа е пронајден, откако по него се трагаше пет дена.
Веста за ,,Фокус” ја потврди неговиот брат Валентин, кој вели дека семејството е среќно што Ванчо е жив и здрав.
-Најважно од се ни е тоа што брат ми пронајден жив и здрав. Изнемоштен е, бидејќи многу пешачел, но се ќе биде во ред. Сакаме да се заблагодариме на медиумите за помошта при потрагата, како и на јавноста која беше покрај нас во овие неизвесни мигови – изјави братот.
Како што претходно објави ,,Фокус”, Ванчо е лице со здравствени проблеми и примал редовна терапија. Последните два дена пред да исчезне одбивал да ја прима терапијата. И минатата година исто така заминал од дома во непознат правец и по него се трагало пет дена. Бил пронајден во село во Грција, каде стигнал пеш.
Вики Клинчарова