79
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (37) се пласираше во второто коло на АТП турнирот во Барселона, откако во првото коло го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6:2, 6:3.
Натпреварот траеше 1 час и 26 минути. Надал моментно е 644. тенисер во светот, додека Коболи е 62. на АТП листата.
Ова беше прв натпреварувачки меч за шпанскиот тенисер по пауза од повеќе од три месеци поради повреда.
Надал во второто коло на турнирот во Барселона ќе игра против Австралиецот Алекс де Минор.
Шпанецот 12 пати во кариерата триумфирал на турнирот во Барселона, последен пат во 2021 година.
АТП турнирот во Барселона се игра за награден фонд од 2.7 милиони евра.