Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука за ова прашање

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека барателите на азил во Европската унија мора да останат надвор од неа додека не се донесе одлука за ова прашање.

„Ако не сме доволно храбри да кажеме дека секој мора да остане надвор од границите додека се решава нивниот случај, тогаш без оглед на сите други одлуки, тоа нема да функционира“, рече Орбан, говорејќи на јавната расправа во Европскиот парламент.

„Ова е црвена линија, ако не го направиме ова, се друго ќе остане нерешено“, додаде Орбан, пренесува унгарската МТИ.

На оваа дебата присуствуваа поранешниот полски министер Матеуш Моравјецки и Фабрис Лежери, поранешен претседател на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Поврзани новости