658
Откако проектот пар-непар не го подобри воздухот за дишење, скопскиот градоначалник Коце Трајановски реши да оди чекор понапред и да го воведе проектот диши-не диши.
– Ако при пар-непар еден ден возат автомобилите со парен број на регистрација, а наредниот оние со непарен, проектот диши-не диши ќе се базира на датата на раѓање. Еден ден ќе дишат родените на парна дата, додека другиот ден ќе дишат оние што дошле на овој свет на непарна дата – објасни градскиот татко и додаде дека на ваков начин сигурно ќе дишеме помалку загаден воздух.
На новинарското прашањето како Коце планира да преживее еден ден без дишење тој ја цитираше Цеца Ражњатовиќ.
– Жив се човек на све навикне, па ваљда ћу ја ако Бог да!