539
Над 60 објекти се поплавени по невремето проследно со град што денеска попладне околу 17 часот го зафати Делчево и околината, информира Центарот за управување со кризи.
„На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со цела нивна екипа и вршат испумпување на вода од поплавените објекти“ – соопштија од ЦУК.
Како што додаваат, поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.
Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.
Од Општината апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети.