По неколку децении, се реконструира основното училиште во кое учел Тоше Проески

by fokus

Основното уличите „Никола Карев“ во Крушево наскоро ќе го добие својот нов лик. Ова училиште, веќе неколку години беше запоставено и беше во катастрофална состојба, а често пати се користеше како театар.

„Ова училиште не е реновинаро со децении. Ќе се реконструира за зачувување на уникатниот лик и ќе остане исто со училниците и горната сала. Наша крајна цел како локална самоуправа е овој објект да се уреди и пренамени во Младински културен центар. А театарот во секој случај ќе опстани. Средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддрша во земјоделството и руралниот развој“, велат од општина Крушево.

Во ова основно училиште, своето образование го стекнал македонската поп икона, Тоше Проески.

 

Поврзани новости