По критиките, Охридскиот маратон се извини и ги изедначи наградите за жените и мажите

by fokus

По притисокот од јавноста и критиките, Охрискиот маратон одлучи да доделува ист износ за победниците и во машка и во женска конкуренција.

-Во име на Организациониот Одбор на „Меѓународниот атлетски маратон Охрид“ се извинуваме кон жените и би сакале јавно да кажеме дека ни на крај памет не ни било да вршиме дискриминација према жените. Веќе добиваме некои понуди за помош и во секој случај наградниот фонд ќе биде ист и за мажи и жени и се надеваме дека поттикнавме многу поголем интерес од женската популација кој недостасуваше на оваа трка – пишува во соопштението објавено на нивната Фејсбук страница.

Во повикот за учесници на маратонот беше наведено дека наградите за освоените места на жените ќе бидат помали од наградите за мажите, што наиде на бројни негативни реакции од јавноста, неколку невладини организации и Клубот на пратенички.

Поврзани новости