До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност, особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.
Потоа од утре попладне следува нова дестабилизација на времето проследена со локални врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Понестабилна атмсофера, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот ќе имаме во вторник и во среда.
Тогаш ќе има услови и за локално поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на невреме. Ќе дува и умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите на воздухот ќе бидат малку под просекот, односно ќе биде малку посвежо од вообичаеното и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, особено во вторник и во среда кога ќе биде и најсвежо.