Петровска за случајот „Теретана“: Како може Мицкоски да врти кај припадник на МВР?

by Фокус

Добро што Христијан Мицкоски потврдува дека имало телефонски разговор со вработен во МВР, но која е потребата на претседател на политичка партија да се јави кај вработен кој води некаква истрага во МВР и да сугерира или да се повикува на било што, праша дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

-Службената белешка е подготвена од вработениот со кој бил извршен телефонскиот разговор, а пропратниот акт е потпишан од помошникот и од дополнителниот помошник на министерот на Одделот за внатрешна контрола – рече Петровска на Алсат.

Откако Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвинија дека опозициските претставници се следат и прислушуваат, Петровска тврди дека ниту една институција не врши нелегално следење на комуникациите.

Поврзани новости