Дресот со број 7 на Манчестер Јунајтед низ историјата го носеа вистински фудбалски икони. Последен беше Кристијано Роналдо, а порано им припаѓаше на имиња како Дејвид Бекам, Ерик Кантона, Брајан Робсон…
Сега фамозната „седумка“ би можел да ја преземе Алехандро Гарначо. Младиот 18-годишен Аргентинец ги воодушеви сите во клубот со својот однос кон тренинзите и играта, па клубот ја разгледува можноста да го награди со дресот со број 7.
Гарначо пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Атлетико Мадрид. Настапуваше за младинските категории, а во април минатата година дебитираше за првиот тим.
Од тој момент, тој стана незаменлив член на тимот на Ерик тен Хаг. Често добиваше шанса за настап и се очекува да добие уште поголем простор во новата сезона.
Дали бројот 49 кој моментално го носи ќе го замени во наредните денови ќе видиме славната „седумка“, но тој е многу сериозен кандидат за преземање на славниот број.
Гарначо има одиграно вкупно 36 натпревари за „црвените ѓаволи“ од дебито во април минатата година и има учинок од пет гола и пет асистенции.
На крајот на април тој потпиша нов договор со клубот. Се врза за великанот од Олд Трафорд до летото 2028 година.