479
Откако средношколците ја поминаа првата ноќ во кампување под отворено небо пред Министерство за образование, денеска по вторпат беа повикани на средба. Во моментов, тројца претставници на Средношколскиот пленум се на средба во ресорното министерство.
Средношколците бараат враќање на стариот модел на матура, без електронско полагање, и укинување на математиката како задолжителен предмет за секој ученик, за секое подрачје.
Тие вчера, веднаш по поставувањето на средношколскиот камп наспроти министерството за образование беа повикани на средба во Министерството, но не беше постигнат никаков договор.