Собранието денеска по скратена постапка ги донесе законските измени со кои се овозможуваат нови 3.000 вработувања во државната администрација, и покрај тоа што Европската Унија подолг период предупредува на превработеност во овој сектор.
На овој начин, работниот однос на 3.000 лица вработени во јавни претпријатија и државни институции ќе се трансформира во траен. Според првиот синдикалец, Живко Митревски ова е одлука со која се решаваат децениски проблеми.
– Ова е децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка, изјави Митревски.
Од друга страна, дел од економистите сметаат дека новите 3.000 вработувања можат да поттикнат сомнеж дека не се според реална потреба, туку како резултат на „заслуга“, кога се знае дека има превработеност во државната администрација.