578
На 16-годишно девојче од Скопје цела година не и се знаело ниту трага, ниту глас, поради што била пријавена за исчезната. Во текот на вчерашниот ден, таа се вратила дома, но од полицијата не откриваат детали за тоа каде била.
Од МВР информираат дека скопјанец минатата година во март пријавил дека исчезнала неговата малолетна ќерка, а вчера повторно се јавил во станица за да каже дека ќерка му се вратила дома.
-С.М.(40) од Скопје пријавил дека на 01.03.2018 година неговата 16-годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната на 29.03.2017 година, сама се вратила дома, информираат од МВР.