ТВ презентерката и Мис на Македонија 1992, Татјана Стојановска се венчаше со својот долгогодишен партнер, Михаил Китановски.
Свеченоста по повод венчавката се одржала во хотелот Александар Палас во Скопје, а познатиот стилист Александар Дадар се погрижил за шминката и фризурата на невестата, која важи за една од најубавите жени кај нас, со децении застапена на малите екрани.
Тивка по природа, Татјана никогаш не го експонирала приватниот живот пред јавноста. На почетокот на 2000-те години се омажи за фолк пејачот Благоја Грујовски, со кого го добија синот Матеј, но се разделија во 2007 година.
Нивниот развод помина тивко, без медиумска фама, бидејќи и двајцата никогаш јавно не кажаа лош збор еден за друг, туку потенцираа дека приоритет е безгрижното детство на синот.
За врската со Китановски, која Татјана ја започна по околу шест години по разводот со Благоја, во едно од ретките интервјуа таа раскажа дека живеат заедно, а нивната дружба која започнала откако се запознале на летување во Турција, постепено прераснала во љубов.
Пред пет години пак, во естрадниот магазин Бекстејџ, таа кажа дека пет години живеат заедно со Михаил без потпис, и дека најважно за неа било да е покрај вистинскиот човек, без разлика дали ќе се одлучат за брак или само за заедничко живеење.
Вики Клинчарова