Фолк пејачката Татијана Стефановска и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежаноски добија ќерка. Веста ја сподели убавата битолчанка на социјалните мрежи, а ја изненади јавноста, па дури и нејзините колеги бидејќи малкумина знаеа дека парот очекува принова.
-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска.
Таа и нејзиниот сопруг, кој има син од претходниот брак, се заедно цела деценија. Битката на Татијана да се оствари како мајка траеше долг период и беше тешка тема за која пејачката избегнуваше да зборува во јавност.
Неодамна изјави дека пандемијата уште повеќе ги зближила со сопругот, со кого и двајцата поради својата професија пред забраните за настапи беа постојано работно ангажирани и имаа концерти ширум земјата, но и кај дијаспората.
Вики Клинчарова