По еден месец пак ќе се вози на местото на автобуската несреќа

by fokus

Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 македонски државјани, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен. На местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 км/ч.

Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс“.

Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км“.

По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента за Дупница и Кулата беше затворен за сообраќај, за вршење увид и истражни дејствија.

Агенцијата за патна помош на Бугарија, по несреќата изврши премер на делницата за да утврди дали знаците, заштитните огради и хоризонталните ознаки на подрачјето на несреќата се во рамките на законските норми.

Поврзани новости