Полска: Германија сака да ја претвори ЕУ во „Четврти рајх“

by fokus

Заменикот на полскиот премиер и лидер на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качињски, кој се смета за вистинскиот полски лидер од сенка, ја обвини новата германска влада дека Европската Унија сака да ја претвори во „Четврти рајх“.

-Има земји кои не се ентузијасти за изгледите за изградба на германски четврти рајх врз основа на ЕУ, изјави претседателот на партијата Право и правда (ПиС) за полскиот екстремно десничарски дневен весник ГПЦ.

Според Качињски, кој е и заменик-премиер на Полска задолжен за национална безбедност, терминот „Четврти германски рајх“ „нема ништо негативно во него, бидејќи не е Третиот Рајх туку Првиот“, односно Светото Римско Царство.

Полската влада е во судир со Европската комисија поради реструктуирањето на правосудството во земја, за што ЕУ смета дека претставува политизација на судството.

Поврзани новости