По Џонсон, и Макрон го пофали Бајден

by fokus

САД се врати како кооперативен лидер на слободниот свет, рече францускиот претседател Емануел Макрон, откако претседателот на САД Џо Бајден остави тој да одговори на прашањето дали Америка се вратила.

-Да, дефинитивно. Одлично е да се има американски претседател кој е дел од клубот и е многу подготвен да соработува – рече Макрон.

Слично на Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон вчера изјави дека Бајден е „голем здив на свеж воздух“.

Бајден рече дека САД силно ја чувствува кохезијата на НАТО и изрази поддршка за Европската унија.

Поврзани новости