По четири години „Фанк шуи” ќе одржи концерт во Скопје

by fokus

По четири години и неколку турнеи низ Европа и Балканот подоцна, особено ни е драго да ви го најавиме нашиот самостоен концерт дома, во Скопје, во Денсинг Сала МКЦ, кој е истовремено и промоција на нашиот трет албум ,,Никогаш Пак”- известуваат од ,,Фанк Шуи”.

Откриваат дека подготвуваат свеж концертен лик на ,,Фанк Шуи” во траење од најмалку час и половина во кој, покрај селекција од минати изданија, за прв пат во целост ќе го отсвират новиот албум.

-Албумот излегува на 31-ви Март – worldwide. Работен на три континенти (САД, Европа и Македонија), албумот се состои од 11 песни, меѓу кои и ,,Метеори”, ,,Ветер”, ,,Невреме” и ,,Крик”.

По речиси 4 години низ невремиња, излегуваме со нешто ново – подготвено исклучително внимателно и со многу љубов.
Објавуваме гости наскоро!

Билети за концертот во претпродажба од вторник (07.03) во 10 часот наутро, онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ.
Првите 100 билети – по цена од 300 ден, останатите – 400 ден, a на денот на концертот – 500 денари.
На концертот ќе се продава буклет од албумот во специјално издание, како и нов најразличен merch во лимитиран тираж- порачаа од бендот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости