По брашното ВМРО-ДПМНЕ остави прашок за перење за Богоевски: Извини ако сме ти го згрешиле „белото”

by fokus

Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле “белото”, му порача денеска Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на пратеникот Павле Богоевски.

Попов одржа прес конференција пред Собранието, на која го повика Богоевски да поднесе оставка. Овој пат на скалите пред Собранието остави прашо за перење.

-Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос.  Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти  спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви. Ќе ти објаснат  Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш. И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина – порача Попов.

Поврзани новости