По 8 мажи ќе застане ли жена на чело на Обвинителството?

by fokus

Кој ќе ја наследи шефовската фотелја на Љубомир Јовески, односно кој ќе биде именуван за нов републички јавен обвинител?

Ова прашање се актуализира деновиве, бидејќи на 25 декември му завршува шестгодишниот мандат на актуелниот државен јавен обвинител Јовески.
Тој, на чело на републичкото обвинителство дојде кон крајот на 2017 година по разрешувањето на Марко Зврлевски, со мандат до крајот на 2023 година.

До пред една година немаше голема дилема околу наследникот на Јовески. Доколку беше избран за уставен судија, се прогнозираше дека ќе го замени обвинителот Гаврил Бубевски, но сега работите добија нов тек.
Бубевски, во меѓувреме, беше избран за шеф на скопското обвинителство и, како што дознаваме, не планира да ги остави работите на половина пат.

Затоа, трката без него,ќе ја трчаат тројца обвинители, и тоа Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.

Во досегашната обвинителска историја на државава, на чело на државното обвинителство секогаш стоел маж, и тоа вкупно осум на број. Засега е неизвесно дали на оваа клучна позиција конечно ќе застане жена?

Сепак како што неофицијално дознаваме, постои голема можност изборот да пропадне, поради изборите напролет.

Пишува
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости