355
Финска започна општествен експеримент за намалување на сиромаштијата и државната бирократија. Од годинава, државата ќе им исплаќа на невработените лица по 560 евра секој месец.
На 1 јануари почнал пробниот период кој ќе трае две години, а во него учествуваат 2.000 случајно одбрани граѓани, кои ќе примаат надомест за невработени.
Тие ќе добиваат 560 евра месечно, а нема да мора да поднесуваат извештаи за тоа како тие пари ги потрошиле. Тој износ ќе се одбие од сите други надоместоци коишто веќе ги добиваат.