По 48 дена повторно случај на заразен со Ковид-19 во Дебар

by fokus

По 48 дена во Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19, потврди градоначалникот Хекуран Дука за „Фокус“.

Тој вели дека заболената е жителка на селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар со висока температура, а потоа биле однсена во Клиничкиот центар во Скопје, каде што е потврдено дека е инфицирана од корона вирус.

Градоначалникот Дука вели дека пациентката имала контакти со членови на семејството како и со неколку медицински лица од Дебар.

Поврзани новости