По 200 евра за погодените од поплавите од собраните пари на сметките на Црвен Крст

by fokus

Семејствата погодени од поплавите ќе добијат по околу 200 евра од парите кои граѓаните ги донираа на двете сметки на Црвен крст, односно од сметката на Фондот на солидарност и од телефонските броеви каде беа донирани 1.038.389 евра. Бројката на семејства кои ќе ја добијат оваа помош е околу 4.500.

-Пријавувањето на граѓаните кои претрпеле штета е до петок, неофицијалната бројката на семејства на кои им треба помош е 4.000 – 4.500. Треба да ги почекаме официјалните податоци и потоа овие 63 милиони денари кои досега ги имаме собрано, ќе ги исплатиме линеарно. Ние ќе ги користиме резултатите добиени од комисиите кои се излезени на терен. Сметаме дека линеарниот начин на исплата на средства е најправеден и најхуман. По ист принцип ќе бидат распределени и средствата што дополнително ќе пристигнат, изјави генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити.

Тој објасни дека за поголема транспарентност при распределба на средствата била формирана Комисија за констатирање на состојбата со средствата во која биле 13 лица претставници од компании кои најмногу донирале, граѓани од погодените подрачја, волонтери, претставници од надлежните институции.

 

 

Поврзани новости