Груевски доцнеше, лидерската средба почна со 40 минути задоцнување

by fokus 14:43
14:43

Започна лидерската средба на која претседателите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино треба да констатираат дали се исполнети условите за одржување на фер избори и доколку се, да дефинираат датум.

Но, наместо да започне во 13:30 часот за кога беше закажана, средбата почна до задоцнување од 40 минути, бидејќи толку доцнеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тројцата лидери на партиите СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мандух Тачи пристигнаа на време и чекаа да пристигне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости