Со парична казна од по 2.000 евра, Обвинителството казни шестмина скопјани кои на 13 јануари, во стан, славеле Стара нова година.
-Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на ширењето на коронавирусот, се собрале во стан на улица „Иван Козаров“ за да прослават Стара Нова година – Василица. Иако со мерките и прописите во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година беа забранети секој вид масовни прослави на отворен и затворен простор, како и семејни собири со повеќе од 4 лица, обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена проверка и контрола.
За нив јавниот обвинител му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра, велат од Обвинителството, се вели во соопштението на Обвинителството.