389
Македонец баран за убиство во Бијелиња, Босна и Херцеговина, бил уапсен вчера при влез во оваа држава, 18 години по злосторството, јавуваат тамошните медиуми.
Станува збор за Назим Броњо (44) , кој бил приведен на граничниот премин Увац, по потерница која по него ја издал Окружниот суд во Бијељина.
Според потерницата, македонскиот државјанин е обвинет за тешко убиство извршено на почетокот од февруари 2000 година во Бијељина. Броњо бил дел од групата составена од петмина, кои со пиштол го убиле Радивоје Благиќ. Причината за убиството, наводно била имотна корист, односно меѓу убиениот и напаѓачите имало недоразбирање, односно Благиќ бил убиен бидејќи им должел пари со кои требало да се подмитат царински службеници