439
Бранко Героски попладнево на Фејсбук објави дека добива смртни закана по мејл од лице кое се претставува како Јусуф Гулевски, објави порталот ПлусИнфо, чии раководител е Героски.
-Бидејќи патувам и не сум во состојба случајот да го пријавам во МВР, сакам на овој начин да известам дека во последните два часа добивам смртни закани по и-мејл, од лице кое се претставува како Јусуф Гулевски. Заканите стасуваат од и-мејл адресата yarkon06@yahoo.de. Не очекувам некој да преземе нешто, но ете, нека остане запишано…, напиша Героски на Фејсбук.