СДСМ: Поради криминлната власт, Македонија загуби 100 милиони евра за патишта

by fokus

Поради погрешните политики на криминалната власт Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктурни проекти, а без да се задолжуваат граѓаните, 100 милиони евра можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации, инфраструктура, реагираше денеска Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски и член на Извршниот одбор на СДСМ.

-Дополнително, делниците коишто се отпочнати во земјава со странски кредити чинат многу поскапо во споредба со други земји. Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ како Бугарија, Хрватска па дури и Данска. Во Бугарија цената за еден километар автопат изнесува околу 2 милиони евра а во Македонија по првичните пресметки околу 7 милиони евра. Тоа е огромна и нелогична разлика. Прашањето е зошто е толку голема разликата и каде завршуват овие пари? Особено имајќи го предвид скандалот со провизиите од објавените разговори во рамки на Вистината за Македонија и скандалот „Актор“, рече Бочварски.

Тој потсети на Анализата на ЕУ за квалитетот и безбедноста на патиштата дури 39 проценти од патиштата во земјава се оценети за небезбедни и означени со црни точки, а Македонија во регионот е позади Косово, БиХ и Србија.

Поврзани новости