Плукнал врз автомобил, па ќе оди 15 дена во затвор

by Fokus

Осомничен Хрват (58 години) мора да помине 15 дена во затвор бидејќи го плукнал мерцедесот што возачот го возел по неговата улица, пред неговата куќа.

Според пресудата, 58-годишникот пред речиси една година во Копривница, на улицата Бајер, под дејство на алкохол во организмот во концентрација од 2,45 г/кг, го нарушил јавниот ред и мир особено дрско и на непристоен начин, информираат хрватските медиуми.

„Тој плукна по возилото на жена која поминувала пред неговата куќа. Потоа излегол пред нејзиното возило, па таа морала да го запре автомобилот, а тој ја навредувал со погрдни зборови“, се вели во пресудата.

Судот првично му изрече парична казна, но полицијата ја обжали пресудата барајќи тој да биде пратен во затвор бидејќи веќе трипати бил осудуван за нарушување на јавниот ред и мир.

Во повторената постапка наредена од Вишиот прекршочен суд, 58-годишникот е осуден на 15 дена безусловна затворска казна.

Бидејќи поминал два дена во полициски притвор, мора да одлежи уште 13 дена.

Поврзани новости