416
Средношколскиот пленум ги повика средношколците, родителите, професорите, студентите и сите граѓани и граѓански организации на јавен собир во вторник на први септември во Паркот на новинарите.
-Средношколскиот пленум повторно се враќа да ја извојува битката што ја започна претходната учебна година. Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува, велат од Средношколскиот пленум.
Јавниот собир ќе биде проследен со алтернативни предавања, панел дискусија и други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавени наскоро.
За собирот Средношколскиот пленум доби поддршка и од Студентскиот пленум, кој ги повика сите граѓани да им се придружат на средношколците.