Груевски: Дискриминацијата на домашните инвеститори е измислица на СДСМ

by Фокус 10:37
10:37

Премиерот Никола Груевски  вчера изјави дека државата дава помош на странски инвеститори, но и на домашни ако тие тоа го побараат. Тврди дека тезата дека домашните инвеститори се дискриминирани во однос на странските е дело на СДСМ.

-Цела помош и поддршката што ја даваме важи за сите. Ако нам ни дојде некој домашен инвеститор и сака да отвори фабрика, на пример со илјада вработувања, и побара помош, ние секако дека ќе му излеземе во пресрет. Камо среќа да има пет-шест или повеќе домашни инвеститори коишто ќе дојдат со проект и со заокружена финансиска конструкција и ќе побараат поддршка од Владата во државна помош за отворање нови фабрики што ќе отворат нови 5-6 илјади работни места ние сигурно ќе ги поддржиме, рече Груевски.

- Advertisements -

Според него, не постои разлика во поддршката што им се дава на странските и на домашните инвеститори. Постоела разлика само во две времиња: кога СДСМ била на власт и немало странски инвестиции и сега во време на ВМРО-ДПМНЕ кога доаѓале многу странски инвеститори, а домашните имале напредок и заради нивно поврзување со странските инвеститори и заради подобрата бизнис клима.

Дебата за тоа дали домашните инвеститори се дискриминирани во однос на странските кои добиваат најразлични субвенции и бенефиции од Владата, доби на интензитет откако инвеститорот Ван Хол јавно откри дека ја спасил од банкрот својата компанија откако од Македонија земал 17 милиони евра во субвенции.

Поврзани новости