Пленумецот Владимир Делов портпарол на министерката Дескоска

by fokus

Еден од предводниците на Студентски пленум, Владимир Делов, е вработен во секторот за односи со јавност на Владата. Делов ќе биде портпарол на министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Во листата на портпароли што ја објави Владата се наоѓа и Марија Теговска која беше дел од невладината „Цивил“, ќе биде задолжена за пи-ар секторот во министерство за информатичко општество и администрација.

Контактот помеѓу министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, и јавноста, пак ќе го одржува поранешната новинарка, Лидија Јанчовска.

Дел од досегашните портпароли остануваат во владините ресори. Кире Коцевски, вработен во времето на поранешниот министер, Миле Јанекивски, сега ќе работи и за новиот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски. На истото место останува и Весна Новаковиќ, портпарол во Управата за јавни приходи.

Поврзани новости