Пленковиќ смени двајца министри

by Фокус

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседателот на Хрватската демократска заедница синоќа ги разрешија министерот за градежништво Иван Паладин и министерката за регионален развој и ЕУ фондови Наташа Трамишак.

На прес-конференција тој ги претстави кандидатите за нивни наследници – Бранко Бачиќ, кој ќе биде и вицепремиер, и поранешниот државен секретар во Министерството за регионален развој, Шиме Ерлиќ.

Премиерот најави и разрешување на првиот човек на Централниот државен завод за обнова, Гордан Ханжек, велејќи дека се разговара за институционални промени на целокупната архитектура на институциите.

Пленковиќ рече дека Паладин сам сакал да ја напушти функцијата, додека Трамишак, како што рече, не била најсреќна што ја напуштила владата.

Поврзани новости