574
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, по завршувањето на самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан, изјави дека крајно време било да се донесе одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија, кои ќе се спроведуваат според новата методологија.
-Демократските стандарди постојат за да овозможат забрзување на процесот. Преговорите се трансформативен процес и колку е земјата поангажирана повеќе напредува. Како и да е, останување на паркингот не е поттик – изјави Пленковиќ.
Меѓутоа, тој воедно истакна дека процесот ќе се забави поради глобалната санитарна криза.