Пленковиќ: Имаме мнозинство за состав на влада, но преговорите продолжуваат

by Fokus

Премиерот на техничката влада на Хрватска и лидер на ХДЗ – Андреј Пленковиќ денеска изјави дека преговорите за постизборна коалиција и формирање на парламентарното мнозинство продолжуваат и дека веќе имаат повеќе од 76 пратеници.

Пленковиќ пред новинарите во Чаковец изјави дека начелно обезбедиле 76 пратеници и повеќе, без малцинските партии.

„Теоретски, ако ме прашате колку раце имам, 83“ – рече Пленковиќ.

Запрашан да го коментира одбивањето на Движењето Татковина да вклучи претставници на СДСС во владата, Пленковиќ вели дека тоа не била единствената тема на преговорите.

„Кога велам дека ги приближуваме позициите, се обидуваме да ги идентификуваме и разбереме позициите во нормален дијалог“ – рече лидерот на ХДЗ.

На прашањето дали ХДЗ е подготвена да се откаже од соработката со СДСС, Пленковиќ кратко одговори:

„Разговараме“.

Тој објасни дека преговорите се во тек и телефонски и физички.

Поврзани новости