Пленковиќ: Да беше Украина во НАТО, немаше да се случи ова што се случува денес

by Fokus

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека патот на Украина кон членство во НАТО ќе потрае некое време, бидејќи Алијансата не е обединета во ова прашање.

„Ако случајно Украина беше во НАТО, тогаш веројатно немаше да се случи она што се случува денес“, изјави Пленковиќ.

„Позицијата на целата алијанса, вклучително и Хрватска, е позиција која се придржува до политиката на отворени врати додека ги исполнува критериумите“, рече тој.

Сега има различни позиции во НАТО по ова прашање, додаде хрватскиот премиер.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг во четвртокот во Киев изјави дека Украина има место во НАТО и го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на воената алијанса, во јули во Вилнус.

Изјавите на Столтенберг не беа добро прифатени во Русија, но ниту во Унгарија, која е членка на НАТО.

Пленковиќ повтори дека позицијата на Хрватска во однос на Украина е јасна.

„Хрватска ја поддржува како жртва на руската агресија која трае веќе 15 месеци. Ние бевме едни од оние кои силно се залагаа за доделување кандидатски статус на Украина за членство во Европската унија“, рече хрватскиот премиер.

Поврзани новости